Спортот не познава нации: Еуфоричен аплауз за Кукоч и Раѓа од навивачите на Партизан (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на мечот од Евролигата против Олимпијакос.

Иконите на хрватската и југословенската кошарка со голем аплауз беа поздравени од белградската публика која покажа дека спортот е над националноста.

Причината поради која Кукоч и Раџа се во Белград е премиерата на документарецот посветен на кариерата на Тони кој се вика „Магична седмица“.