ТФТ по едно продолжение го скрши Охрид

Кошаркарите на ТФТ беа подобри од Охрид со 89-78 по дополнителните пет минути откако во регуларниот дел резултатот беше 72-72.

Двете екипи играа израмнет натпревар сè до почетокот на последната четвртина, кога ТФТ поведе со 63-48, меѓутоа Охрид се созема и до крајот избори продолженија.

ТФТ во продолжението беше незапирлив и постигна дури 17 поени, а прими само шест за конечен триумф од 89-78.

Најефикасен кај ТФТ беше Ташковски со 19 поени, додека Андерсон постигна 27 поени и 10 скокови за Охрид.