Најдобриот пријател на Нејмар откри што ќе „работи“ суперѕвездата кога ќе замине во пензија

Бразилската суперѕвезда Нејмар е најскапиот светски фудбалер на светот откако пред две години за 222 милиони евра замина од Барселона во Пари Сен Жермен и една од најголемите фудбалски ѕвезди веќе знае што ќе работи по завршувањето на кариерата – ќе биде покераш.

Еден од најдобрите пријатели на Нејмар откри дека Бразилецот кога ќе ја заврши фудбалската кариера ќе му се посвети на покерот, кој го игра со еднаква страст како и фудбалот.

„Нејмар на покерот му пристапува исто како и на фудбалот“, вели Андре Акари.

Нејмар после Мундијалот во Русија минатото лето учествуваше на престижен и силен турнир во покер каде заврши на шестото место во конкуренција на 300 покераши, воглавно професионалци.