Риека ќе треба да плати казни поради навредите кон Ристовски!

Дициплинската комисија при Хрватската фудбалска федерација ги објави казните за натпреварите од 33. коло.

Риека ќе треба да плати 4.500 евра поради непримерното однесување на нивните навивачи кон нашиот Стефан Ристовски. Тие го навредуваа Македонецот во текот на целиот меч.

Дополнително ќе платат и уште 5.000 евра поради употреба на пиритехника на натпреварот.

Ристовски во минатото беше играч на Риека со која ја освои титулата, па сега откако игра за Динамо е мета на навивачите.