Екс-фудбалерка на ПСЖ го прослави поразот: Ова е божја правда!

Борусија Дортмунд го совлада ПСЖ по втор пат во полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) и обезбеди финале во натпреварувањето, а неуспехот на францускиот шампион го прослави и екс-фудбалерката на тимот Кеира Хамрауи.

Додека го носеше дресот на ПСЖ, во 2021 година беше претепана по вечера со екипата и се здоби со повреди поради кои мораше да паузира пет месеци, а потоа имаше и несогласувања со дел од нејзините соиграчки, па ја избркаа од Париз.

„Ова е божја правда“, напиша Кеира, но потоа реши да ја избрише објавата.