Катарците со тешки милиони се обидуваат да го оттргнат Далиќ од Хрватска!

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ по Европското првенство би можел да ја напушти функцијата и да се пресели во катарскиот клуб Ал Сад од каде има богата понуда.

Актуелниот договор на Далиќ со Хрватска е до јули 2026 година, тој би требало да ги води Хрватите и на Светско првенство, но некои шпекулации велат дека можно е тоа и да не се случи.

Наводно Хрватот има богата понуда од Ал Сад и се размислува дали да ја прифати. За Далиќ позната територија е блискиот исток, претходно ги водеше екипите на Ал Аин, Ал Хилал и Ал Фаисали.

Веројатно влијание на одлуката ќе има и настапот на Хрватска на Европското првенство.

Под водство на Далиќ, Хрватска се радуваше на најголемите успеси во историјата, сребро од СП 2018 и бронза четири години подоцна.