Наместо утре, Бриж денеска ја пречекува Фиорентина причината е - религиозна!

Полуфиналниот реванш од Конференциската лига меѓу Клуб Бриж и Фиорентина наместо утре (четврток) ќе се одигра денеска (среда).

УЕФА го прифати барањето на Клуб Бриж, мечот против Фиорентина да се игра денеска наместо во вообичаениот термин во четврток. Причината е религиозна.

Во четврток е закажана католичка поворка која ќе минува низ улиците на градот Бриж, а станува збор за поворката под името „Света крв“. Таа секоја година се одржува во чест на Денот на Вознесението кој годинава е на деветти мај.

Улиците ќе бидат преплавени со луѓе поради поворката, па би било многу сложено да се организира и натпреварот. Од таа причина денеска од 18:45 часот Бриж ќе ја пречека Фиорентина. 

Вториот натпревар е утре, дуелот меѓу Олимпијакос и Астон Вила.