Конфузно е во Јувентус: Тудор демантиран од сопствениот агент!

Во Јувентус по завршувањето на сезоната ситуацијата изгледа е малку конфузна. Прво директорот Кристијан Џунтоли најави дека Тудор ќе го води тимот на Светското клупско првенство во јуни, па потоа ќе се носи одлука за неговата иднина за набрзо потоа Тудор да порача дека одлуката мора да биде донесена пред турнирот.

Сега пристигна демант на изјавата на Тудор и тоа од неговиот агент, Антони Шериќ.

„Тудор нема да врши притисок врз клубот. Се надева дека и следната сезона ќе ја води екипата и ќе ја почитува одлуката на клубот и моментот кога таа ќе биде донесена“, изјави Шериќ.

Тудор го презеде кормилото на „старата дама“ во март, откако го наследи Тијаго Мота. Потпиша договор до крајот на сезоната, со автоматско продолжување доколку избори пласман во Лигата на шампионите. Тоа и го постигна, па со тоа автоматски го продолжи договорот..

Сепак во италијанската јавност на големо се пишува за враќањето на Антонио Конте во клубот, па останува да се види каква ќе биде одлуката.

Фото: Juventus FC/X