Хаос пред Суперкласико: На Бока ѝ се подметнува допинг скандал!?

Реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс уште е во центар на внимание. По синоќешниот инцидент во кој беа повредени неколку фудбалери на Бока, беше решено средбата да се игра денеска.

Според последните информации од Аргентина, солзавецот кој бил фрлен во автобусот со фудбалерите на Бока содржел кортикостероид, а е на забранетата листа со супстанции на КОНМЕБОЛ.

Фудбалерите тоа го внеле во организмот, а тоа значи дека автоматски би паднале на допинг-тест по натпреварот.

Некои медиуми пишуваат дека тоа било цел на нападот, односно намерно бил фрлен солзавецот во автобусот, а во меѓувреме капитенот на Бока, Пабло Перез замина на уште еден очен преглед, само овој пат го смени докторот.