Го прифати предизвикот на Роналдо, ама стомачните ги правеше како да – игра во диско (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо на Инстаграм почнува предизвик во брзо правеше стомачни, по што голем број славни фудбалери го прифатија учеството во таканаречениот турнир, чија цел на крајот е да се прогласи победник кој ќе направи најмногу за период од 45 секунди.

Португалецот направи 142, додека неговиот соиграч од Јувентус, Матуиди во моментов е лидер со 144. Меѓу учесниците е и Бразилецот што настапува за Реал Мадрид, Винисиус јуниор, чиј настап ги насмеа сите.

Неговата бројка направени стомачни беше далеку помала од најдобрите (125), но сите „паднаа од смеење“ на начинот на кој ги направи, а кој повеќе личеше на играње во диско отколку на вежба за подобрување на стомачните мускули.