Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 1-2 од Летонија во петтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а со тоа си го загрози второто место во групата 2.

Летонија ги изненади македонските фудбалери со гол во првото полувреме преку Анастасија Полуховица, а предноста на гостинскиот тим траеше сè до завршницата.

Наташа Андонова за момент ја врати Македонија во игра откако во 92. минута ја затресе мрежата на Летонија, меѓутоа набрзо Олга Севцова ги шокира Македонките и погоди за победа на гостинската репрезентација

Македонија е втора во групата 2 со седум бодови, односно еден повеќе од Летонија и во последното коло ќе се решава за освојување на второто место во групата кое ги задржува шансите за пласман на континенталниот собир.