Франција губеше со 0-2 во сетови, но со пресврт се врати во игра за медал

Француските одбојкари триумфираа со 3-2 во сетови против Германија во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз.

Германија ги доби првите два сета со 25-18 и 28-26, но потоа Франција го возврати ударот и со 25-20 и 25-21 израмни на 2-2 во сетови.

Франција постојано го имаше водството во последниот сет и на крајот одличниот настап го круниса со пласман во полуфинале.