Хаос во Аргентина: Судија удрил претседател на клуб, па тој извадил пиштол!
Фаси по мечот влегол во судиската соблекувална и наводно бил удрен од главниот судија, додека Мерлос тврди дека претседателот на Таљерес извадил пиштол и се заканувал.
„Тоа што се случи е жално, тажно и болно. Нема објаснување за потегот на Фаси, тој човек е луд. Две лица влегоа со него во соблекувалната и се закануваше со пиштол дека ќе ме убие“, кажал судијата Мерлос по скандалот.