Нереална приказна на Ембид: Убив лав кога имав шест години

Поранешниот МВП во НБА лигата, Жоел Ембид раскажа еднаприказна од неговото детство за која сите што ја слушнаа тврдат дека е нереална.

Кошаркарот на Филаделфија 76 е роден во Камерун и тврди дека кога бил дете убил лав.

„Кога имав шест години, морав сам да одам во џунгла и да убијам лав. Тоа беше начин да докажам дека сум маж. Отидов во џунгла, ноџев копје и го фрлив на лавот додека спиеше, така го убив. Потоа го носев лавот на грб до моето село и кога го донесов, докажав дека сум маж. Значи, маж сум од мојата шеста година“, вели Ембид.