Ибрахимовиќ избркал тренер на Милан зашто син му не добил минутажа!

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ е во центар на внимание поради една контроверзна одлука од која настрадал Игнасио Абате.

Италијанскиот медиум „Република“ пишува дека Абате останал без работа поради тоа што не му дал минутажа на Максимилијан Ибрахимовиќ во екипата.

Наводно оваа вест предизвикало реакција во управата на „росонерите“ кои отвориле интерна истрага и Ибрахимовиќ би можел да добие одредена санкција.