Бирд е минато, Јокиќ собори уште еден рекорд

Суперѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ во дуелот со Далас стигна до нов трипл дабл, ама и до рекорд во НБА лигата.

Србинот стана играч кој најбрзо стигнал до бројката од 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции во НБА лигата што е уште едно од низата големи достигнувања. За овој рекорд на Јокиќ му беа потребни само 709 натпревари, 90 помалку од досегашниот рекордер Лери Бирд.

Денешниот трипл дабл беше 16. за Јокиќ сезонава и во тој параметар тој е убедливо на првото место, со двојно повеќе од второпласираниот Леброн Џејмс.