Мареј блесна, Јокиќ во лесен ритам до 16. трипл дабл во сезоната (ВИДЕО)
Тогаш домаќините доминираа безмалку цел меч, за во последната четвртина Нагетс да направат голем пресврт и да дојдат до триумф, додека утринава Денвер од почетокот ја презеде контролата над играта и резултатот и немаше никакви проблеми. Првото полувреме го доби со 71-45, па вторите 24 минути останаа само формалност во која гостинскиот тим требаше рутински да го приведе мечот кон крајот.
Интересен беше ефектот на најдобрите играчи на Денвер, Џамал Мареј и Никола Јокиќ. Канаѓанецот го одигра својот најдобар натпревар не само сезонава, туку и во последните три години, постигнувајќи 45 поени и ги остави далеку зад себе останатите играчи бидејќи втор стрелец во тимот беше Портер со 13. Само до полувремето тој веќе имаше 32 поена со што стана само третиот играч во историјата на Денвер кој ја минал границата од 30 за 24 минути игра. Јокиќ и во „втора“ брзина дојде до минимален трипл дабл од 10 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Во екипата на Далас се врати Кајри Ирвинг кој постигна 11 поени, но не успеа да му помогне на тимот да го избегне 18. пораз во сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Кливленд 117-127
Филаделфија - Оклахома 102-118
Атланта - Феникс 122-117
Чикаго - Њу Орлеанс 113-119
Милвоки - Сакраменто 130-115
Далас - Денвер 99-118
Портланд - Бруклин 114-132