Меси доби нов тренер во Интер Мајами – очекувано пак Аргентинец!
Педесет и двегодишниот стручњак стави потпис на повеќегодишен договор, кој ќе го задржи на клупата на клубот од Флорида до јуни 2028 година, со што се означува почетокот на ново поглавје за тимот. Тој доаѓа како трајно решение на местото на привремениот тренер Гиљермо Хојос, кој само за кратко ја водеше екипата по заминувањето на Хавиер Маскерано.
Новиот предводник на Интер Мајами својата тренерска кариера ја започна во 2020 година, а досега има акумулирано искуство во Јужна Америка, водејќи ги екипите на Росарио, Унион и Платенсе.