Чупиќ: Да тргнеме со победа дома, утре сакам да видам конекција со навивачите

Ракометарите на Вардар утре го играат натпреварот против Нант во рамките од второто коло во Лигата на шампионите кој ќе биде прв во ракометната елита за македонскиот шампион по пауза од пет години.

Вардар сезоната ја почна со пораз од Мелсунген и сега ќе се обидат на домашен терен да стигнат до првата победа.

„Имаме големи очекувања од првиот натпревар кој го играме дома. Нант е квалитетна екипа и можам да кажам само убави зборови. Сигурно дека сакаме да дојдеме до прва победа. Мора да бидеме претпазливи и од почеток да веруваме. Сакам да видам вистинска конекција меѓу нашите навивачи и ракометарите. Ако победиме утре, тоа ќе ни биде силен ветер во грб за следните натпревари“, порача Чупиќ.

Ќе потсетиме, пред утрешниот натпревар пред салата „Јане Сандански“ ќе биде поставена навивачка фан зона со многу забава и активности која ќе почне во 16:45 часот.