Касано играше за Реал, сега му фаќа сеир: Да не беше црвениот картон, Барса ќе победеше 10-1
Интересно е тоа што оттогаш постојано зборува со пиетет за Барселона, а го критикува Реал и ѕвездите на овој клуб. Одамна е во војна со Кристијано Роналдо за кого нема добро мислење и го фали Лионел Меси тврдејќи дека тој е најдобар на сите времиња. Пследниот сеир од Касано за Реал е по триумфот на Барселона во Суперкупот на Шпанија каде славеше против најголемиот ривал со 5-2. Сите голови беа постигнати во првите 60 минути од натпреварот, а Барса потоа запре затоа што остана со играч помалку.
„Да не беше исклучувањето на Шчесни, ќе завршеше 10-1. Повторувам, 10-1. Не 10-2, затоа што вториот гол на Реал беше постигнат откако Шчесни доби црвен картон“, рече Касано.
Италијанецот признава и дека е вљубен во стилот на игра на Барселона и дека не пропушта ниеден нејзин натпревар под водство на Флик.