Другарите и семејството на уапсениот фудбалер на Севиља ќариле само 10.000 евра!
Дефанзивецот на Севиља, Кике Салас вчера заврши зад решетки поради сомнеж за учество во обложувачки скандал.
Тој намерно заработувал жолти картони (младинскиот репрезентативец на Шпанија добил дури 7 жолти картони во последните 9 натпревари од минатата сезона) за неговите блиски да фатат пари во обложувалница.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, истрагата покажала дека другарите и семејството на Кике Салас ќариле околу 10.000 евра.
Кике Салас, кој е под договор со Севиља до 2029 година и има годишна плата од околу 360.000 евра, за „ситни“ пари ризикува да добие долга суспензија, па дури и да лежи затвор.