Аврамовски се збогува со Болуспор, Македонецот се сели во друг турски клуб

Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски прави трансфер во јануарскиот преоден рок, од Болуспор се сели во друг турски второлигаш, се работи за клубот Игдир кој се бори за опстанок во лигата.

Македонецот имаше одличен прв дел од сезоната во кој постигна девет гола, имаше и четири асистенции, скор со кој беше еден од најдобрите играчи во втората турска лига.

„Им благодарам на сите во Болуспор, од нашиот претседател, до менаџерите, тренерите, играчите, персоналот и фановите. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадовте и незаборавните моменти што ги минавме заедно.
Би сакал особено да му се заблагодарам на мојот учител Јалин Коњукавак. Тој беше најголемата причина што дојдов во Болуспор и секогаш ми даваше неверојатна поддршка.
Останав во Болуспор само една година, но тоа време беше како десет години. Затоа што спомените што ги доживеав тука имаат место во моето срце кое никогаш нема да биде избришано. Можеби повеќе нема да го делиме истиот дрес, па дури и да бидеме ривали на теренот следната недела, но секогаш ќе бидете мои пријатели. Големи победи, големи достигнувања, пријатни спомени, убави времиња поминати во Болу. Никогаш нема да ве заборавам“.
Се најдобро од срце ви посакувам. Се гледаме наскоро браќа мои!“, напиша Аврамовски на социјалните мрежи.

Игдир, кој ќе биде следниот клуб на Аврамовски е на 15. место во турската Втора лига со само два бода од тимовите кои испаѓаат во ранг подолу.