Побрзајте на билетара: Влезниците за дуелот со Унгарија речиси - распродадени!

Македонските ракометари ќе имаат голема поддршка на вечерашниот дуел против Унгарија (20.30 часот) на стартот пд СП во Вараждин, барем ако се суди според изјавите на задолжените за продажба билети во арената во овој хрватски град.

Од Вараждин, Хрватска

ИГОР КРСТЕВСКИ

Во продажба останаа уште многу мал број билети, а интересот се зголемува од минута во минута.

„Не можеме да кренеме глава од работа од самиот почеток на работниот ден. Девет од десет купувачи бараат билети за секторот каде што се македонските навивачи. Од тие останаа уште малку во продажба, секако најбарани се од најевтините од 50 евра, но се продаваат и тие поскапите. Македонците не прашуваат, само сакаат карта. Одушевени сме од тоа како не жалат ни време ни пари за да бидат со своите ракометари“, ни изјавија вработените во билетарата во салата во Вараждин.

Билети можат да се купат и преку интернет, но многумина од Фалангата преферираат до драгоценото парче хартија да дојдат на „старомоден“ начин на билетарницата. Во нашата група се уште се и Холандија и Гвинеја.