Првиот човек на саудискиот спорт го „промовира“ Салах во дресот на Ал Хилал

Мохамед Салах долго време водеше преговори со Ливерпул за нов договор, но не успеа да најде заеднички јазик со управата на премиерлигашот, па наскоро би можел да замине во Саудиска Арабија.

Првиот човек на спортот во Саудиска Арабија, Турки Алалшик ги изненади сите со објавата на Салах во дресот на Ал Хилал.

Засега нема дополнителни информации за тоа дали Салах води преговори со Ал Хилал, но објавата на Алалшик предизвика многу шпекулации во медиумите за иднината на Египќанецот.

Салах игра за „црвените“ уште од 2017 година, кога пристигна од редовите на Рома.