Барди: Ние сме едно големо семејство, утре да ја израдуваме цела нација!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди во селекцијата владее одлична атмосфера, односно дека сите се како едно семејство кое сака да ја израдува цела нација.

Македонскиот репрезентативец посочи дека ќе дадат сè од себе против Данска, иако влегуваат како аутсајдер на хартија во оваа пресметка.

„Ние сме едно големо семејство, се чуваме еден за друг, секој е добредојден во репрезентацијата. Ги примивме многу добро новите репрезентативци. Мислам дека секој од нив влезе во тој ритам, ние сме како семејство во репрезентацијата, треба да дадеме сè од себе, да испочитуваме сè што се бара од нас и на крај да бидеме среќни и да ја израдуваме Македонија, да се вратиме во Скопје со крената глава“, вели Барди.

Барди кажа дека добро ја анализирале Данска и ќе се обидат да ги искористат нејзините слабости во утрешниот натпревар.

„Мислам дека знаеме кои се слабите точки на Данска. Тие играат офанзивен фудбал, но ние се подготвивме. Направивме многу анализи, знаеме како да ги спречиме нивните напади, подготвени сме за тоа што нè очекува утре. Елмас пред неколку дена зборуваше со дефанзивците како да го чуваат Хојлунд, секој од нас се обидува да даде сè од себе во секој дел“, додава капитенот.

Дуелот меѓу Данска и Македонија во полуфиналниот бараж за СП се игра утре од 20.45 часот во Копенхаген.