Димитриевски: Имаме квалитет, план и одиме по победа во Копенхаген!

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20.45 часот гостува на „Паркен“ во Копенхаген против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство (СП), а голманот Столе Димитриевски е оптимист пред големиот предизвик.

Димитриевски вели дека Македонија има квалитет да се избори со Данска и да оствари триумф во Копенхаген.

„Ова е еден од најважните натпревари во нашите кариери и мора да одиграме најдобро што знаеме. Имаме квалитет, план, одиме да дадеме сè од себе, да одиграме подобро од Данска и да победиме. Мислам дека не треба никој да зборува дека сме ги изненадиле, ако успееме да победиме затоа што ние сме добар тим кој знае да победува“, кажа Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата кажа дека евентуален пласман на Мундијалот би бил врв во неговата кариера.

„Пласман на Светското првенство во 2026 година дефинитивно би бил врвот на мојата кариера. Исто така, чувствувам голема чест и неописливо чувство е да играм за репрезентацијата на Македонија“, посочи македонскиот голман.

Победникот од оваа пресметка ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.