Манчестер јунајтед нуди 100 милиони евра за фудбалер на Барселона

Англискиот гигант Манчестер јунајтед следното лето сака да го добие потписот на Фермин Лопез, а за реализација на трансферот ѝ понуди 100 милиони евра на Барселона.

„Црвените ѓаволи“ бараат фудбалер кој може да го замени Бруно Фернандеш како предводник во тимот, а исто така да ја потполнат „дупката“ која ќе ја остави Касемиро.

Лопез оваа сезона блесна во дресот на Барселона, па досега постигна 10 голови и 18 асистенции за каталонскиот гигант.

Шпанскиот репрезентативец, сепак, кажа дека не планира да го напушти „Камп Ноу“ и потпиша договор до 2031 година, откако претходно одби понуда и од Челси.

Фото: Manchester United/Facebook