Реприза на ланскиот турнир: Вечните се избегнаа во полуфиналето од куп-завршницата!
Ждрепката посака „вечните“ ривали да не се сретнат во полуфиналето, па двојките се идентични како и минатата година. Во првиот меч силите ќе ги одмерат Охрид и Пелистер (17 часот), додека во второто полуфинале ќе се соочат Алкалоид и Вардар (20 часот).
Трофејот во ова натпреварување ја брани екипата на Вардар. Полуфиналните средби се закажани за 17 април, а два дена подоцна ќе се игра финалето помеѓу победниците.