Тик-токерот кој глумеше фудбалер дефинитивно си замина од Ѓорче Петров!

Луј Микел-Сила и официјално ја напушти Македонија Ѓорче Петров, откако реши да побара нов клуб каде што ќе добие поголема минутажа.

Станува збор за 31-годишниот француски фудбалер, кој настапува на позицијата лево крило, кој токму во клубот од Ѓорче Петров го направи својот прв професионален чекор. Французин што имал голема желба да стане фудбалер, всушност е само аматер кој ја продава својата приказна на Тик-Ток. Според неговото признание, тој престојувал две недели во Скопје, а во еден период, 72 часа спиел под отворено небо пред стадионот на Македонија ЃП.

Претходно, Сила безуспешно се обидувал да најде клуб во Албанија, по што пристигнал во Скопје и на крајот добил можност во Македонија Ѓорче Петров. Фудбалерот почекал неколку месеци пред јавно да го потврди своето заминување од клубот. Според информациите, тој бил блиску до трансфер во тим од италијанската Серија Д, но зделката пропаднала поради проблеми со пасошот.