Ужасни сцени од Никшиќ: Жестока пресметка меѓу „Гробари“ и „Војводи“ (ВИДЕО)

Масовна тепачка се случила синоќа во центарот на Никшиќ, а според српските медиуми во неа учествувале навивачките групи „Гробари“ и „Војводи“ од црногорскиот град.

Хулиганите користеле пиротехнички материјали во пресметката, а дел од нив биле опремени со палки и други тврди предмети.

Полицијата е известена за случајот, а засега нема информации дали има приведени лица по хаосот во Никшиќ.