Македонците од цела Европа ќе се обединат во Копенхаген – да гинат заедно со фудбалерите!
Веќе подолг период на социјалните мрежи кружат повици за собирање на сите расположиви сили, а се очекува своевидно обединување на Македонците од цела Европа во данската престолнина. Сигурно е дека бројката на македонските фанови ќе биде далеку поголема во фан-зоната, со оглед на малиот број достапни билети, што значи дека улиците на Копенхаген се очекува утре да бидат обоени во жолто-црвено.
Една од сигурните што ќе присуствуваат во Данска е Фалангата од Виена, чии претставници традиционално се на трибините на речиси секој позначање настап на македонските селекции без разлика во кој спорт.