Марко Ројс има совет за Џејдон Санчо!

Во последно време се шпекулира дека Џејдон Сaнчо би можел да се врати во Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.

На таа тема беше прашан и неговиот поранешен соиграч, Марко Ројс.

„Мојот главен совет за Џејдон е да погледне наоколу и да види каде би можел да се чувствува повторно како дома и да се врати на своето најдобро ниво“, вели Ројс за „Билд“.

„И ако тоа е Борусија Дортмунд, тоа би било добро и за него и за Дортмунд“.