Атлетико ги нападна судиите по дербито во Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше во градското дерби против Атлетико Мадрид со 3-2, а екипата на Диего Симеоне не беше задоволна од судењето и поради тоа се јави преку социјалните мрежи.

Неколку дена по натпреварот во Мадрид реагираа поради неколку инциденти на теренот.

„Се надеваме дека тимот има време да ги анализира овие ситуации и да ги разјасни нашите дилеми. Ви благодариме на соработката. (Очигледно ние тоа не знаеме да го направиме сами)“, објавија од Атлетико.