Синот на Кристијано Роналдо ќе го облече дресот на Реал Мадрид!?

Иднината на Кристијано Роналдо Јуниор повторно се поврзува со Реал Мадрид, откако во вторникот тренираше со кадетите на шпанскиот гигант.

Синот на легендарниот португалски фудбалер има само 15 години, а идејата е да тренира во клупскиот центар на „кралевите“ уште неколку денови.

Кристијано Јуниор во моментов е член на фудбалската академија на Ал Наср, каде што стигна во 2022 година.

Младиот фудбалер прехтодно играше за младите категории на Манчестер јунајтед и Јувентус, а на меѓународно ниво ја претставува Португалија.

Фото: EPA