Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Германија и Словенија

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список со ракометарки за дуелите од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Грчевски повика 35 ракометарки, а на списокот нема некои посебни изненадувања во однос на претходно.

Ракометарките на Македонија по четири одиграни кола имаат една победа и три порази во групата 3.

Македонија првиот меч го игра против Германија на 8 април, а четири дена подоцна ќе се соочи со Словенија.