Поранешен селектор на Македонија се бори со сериозна болест
Неговиот син Камерон во интервју за „Дејли Мејл“ откри детали од борбата на Тошак со здравствените проблеми.
„Тоа е грозна болест. Разговарам со него секој ден, но ако зборуваме попладне, може да не памети што сме разговарале тоа утро. Ако го прашам за деновите поминати во Ливерпул, тоа се детали кои не ги заборава“, кажа Камерон.
Тошак ја тренираше Македонија од 2011 до 2012 година.
Фото: EPA