Винисиус: Ние не сме фаворити на Мундијалот!

Винисиус Жуниор е еден од најдобрите фудбалери во светот и човек од кого се очекува идното лето да биде еден од лидерите на Бразил на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, а тој самиот не смета дека „Кариоките“ се фаворити за трофејот.

Бразил долго време се обидува да се врати на светскиот трон, па и поради тоа Винисиус сега својата репрезентација не ја вбројува помеѓу најголемите фаворити.

„Доста зборувате за фаворити, ние не сме фаворити да го освоиме Светското првенство. Сакаме да го одведеме Бразил таму каде што заслужува да биде. Подготвен сум за Мундијалот и се чувствувам одлично, не сакам повторно да изгубам“, порача ѕвездата на Реал Мадрид.

Ги истакна и фудбалерите кои покрај него можат да придонесат.

„Рафиња, Жоао Педро, новата генерација со Ендрик, Естевао...Рафиња и јас бевме меѓу најдобрите во последните години, тука е и Касемиро, иамме многу искуство за ова Светско првенство“, додаде Винисиус.