Само бод за фудбалерите до 19 години против Фарски Острови
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски иако ја имаа фаворитската улога пред почетокот на натпреварот сепак во првиот натпревар на турнирот во Холандија освоија само бод.
Во следниот натпревар македонските надежи ќе имаат многу потешка задача бидејќи ги чека натпревар против првиот фаворит во групата Холандија која денеска потешко од очекуваното ја совлада Молдавија со 1-0.
Место во наредната рунда од квалификациите обезбедува само првата селекција во групата.