Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Копенхаген го одработи официјалниот трениг на „Паркен“ стадионот каде утре ќе излеземе на битка против Данска.

Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот, а фудбалерите по вчерашното пристигнувањето во Данска денеска за првпат го почувствуваа теренот каде што утре ќе се обидеме да приредиме изненадување против фаворизираните домаќини.

За Македонија е најважно што селекторот Седлоски нема проблеми со повреди и сите кои се со репрезентацијата ќе можат утре да излезат на терен и да одоговорат на неговите барања.

Ќе потсетиме, победникот од утрешниот натпревар ќе го чека уште една пречка за место на Мундијалот и ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале помеѓу Чешка и Ирска.