Звезда преку драма и продолжение ја урна Басконија

Црвена Звезда по продолжение и драма славеше важна победа во единствениот натпревар во Евролигата вечерва против Басконија со 108-100.

Натпреварот тргна изедначено, Звезда беше нешто подобра во првата четвртина, меѓутоа тоа се промени во вториот период кога домашниот состав ја презема иницијативата.

Втората четвртина беше најдобрата на Басконија во неа стигнаа и до двоцифрена предност со која заминаа и на пауза (52-42).

Почетокот на втоиот дел донесе слична слика, меѓутоа како што одминуваа минутите, Звезда се враќаше, па во одлучувачкиот период влезе со само поен негатива (67-66). Тука дури и го преземаа водството, меѓутоа во финишот одново Басконија побегна на плус три, па со поени на 12 секунди пред крајот се изборија за продолжение (91-91).

Во продолжението Звезда одигра подобро токму кога изгледаше дека е најпотребно и со успеа да го реши натпреварот во своја корист и да дојде до триумф. Најефикасни во таборот на гостите беа Монеке и Батлер со 22 и 21 поен, додека на спротивната страна 31 поен на Форест не беа доволни.

За Звезда ова е важна победа во битката за плеј-офот за четвртфинале бидејќи се наоѓаат на последната 10-та позиција која носи во оваа фаза. Од друга страна за Басконија ова е продолжување на лошата серија и тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата зад нив е само Асвел.