Мбапе му рекол на Перез: Веќе не сакам да имам ништо со докторите на Реал Мадрид!

Килијан Мбапе комплетно ја изгубил довербата во докторите на Реал Мадрид по последниот скандал кој се случи со неговото колено.

Синоќа излезе шокантна информација дека докторите на Реал Мадрид на Мбапе му прегледувале погрешно колено. Поради тоа му рекле дека се е во ред и може да игра. Французинот играјќи со повредено колено ја влошил ситуацијата, по што следуваше пауза.

„Л'Екип“ сега пишува дека Мбапе лично му кажал на Перез дека веќе не сака да биде третиран од докторите на Реал Мадрид, тој комплетно ја загубил вербата во нив.

Французинот сака да биде третиран од докторот на репрезентацијата на Мароко, Кристоф Баудот, кој го знае од времето во ПСЖ и во кој има доверба.

Кристоф и сега се погрижил за последниот третман на коленото на Мбапе и опоравувањето се одвива многу добро.