Без разлика на кавгата: Ангеловски им посака среќа на фудбалерите на Македонија (ФОТО)
Меѓу нив е и поранешниот селектор, Игор Ангеловски, кој со посебна објава на Инстаграм потврди дека без разлика на разликите и кавгата што ја има со раководството на ФФМ вечерва со целото срце ќе навива за избраниците на Гоце Седлоски.
Токму изборот на актуелниот тренер на Вардар предизвика револт кај популарниот Мрме, кој потоа јавно ја нападна одлуката за негов избор иако и тој бил во комбинација, за потоа да има и јавно препукување со легендарниот Горан Пандев.
