Родри му се понуди на Реал: Не е важно што играв за Атлетико во минатото
„Кралскиот клуб“ неколку пати досега покажа интерес за него, но до трансфер не дојде бидејќи Сити се уште го смета за еден од најважните играчи во тимот.
„Фактот што играв за Атлетико не би ме спречил да ја разгледам можноста за преселба во Реал. Не можете да кажете 'не' на најдобрите клубови во светот. Атмосферата на Сантијаго Бернабеу е секогаш посебна. Би сакал да се вратам во Ла Лига - сè уште ја следам лигата. Исто така, ми се допаѓа Премиер лигата, многу е тешка, но во моментов сум задоволен од моите перформанси таму. Имам уште една година од мојот договор со Манчестер Сити. Ќе дојде време кога ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Родри.
Искусниот плејмејкер одигра 28 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи два гола. Родри е во Манчестер Сити од 2019 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот тековен договор со „граѓаните“ важи до 30 јуни 2027 година.