Хрватите го имаат најлошиот клуб во светот – немаат дадено гол, а веќе примиле дури 187!
Играчите на овој тим во само 11 натпревари имаат примено дури 187 голови, а сè уште нема постигнато ниту еден! Играчите се трудат, излегуваат на терен и се борат, но реалноста е сурова – топката едноставно не сака во мрежата на противникот. Во просек, нивниот голман прима дури 17 голови по натпревар. Најтешкиот пораз го претрпеа против Рудар, кога загубија со неверојатни 0-30, резултат кој повеќе наликува на ракомет отколку на фудбал. Најблиску до позитивен резултат биле против Сабарија, кога загубиле „само“ со 0-3 уште во септември 2025.
Следниот меч, закажан за в недела (29 март) против Раднички, се очекува да стане вистински спектакл – не поради квалитетот, туку затоа што сите чекаат едно - првиот гол на Полет.