Четири клуба остануваат без сали за играње - Работнички е меѓу нив!

Кошаркарската репрезентација на Македонија (КФМ) направи инспекција на спортските сали низ државата, по што на денешниот состанок со претставниците на клубовите беа изнесени сите забелешки од последното натпреварувачко коло.

Комисијата за проверка на спортските сали констатира кои сали ги задоволуваат условите пропишани во Службените кошаркарски правила, односно четири екипи остануваат без сали за играње на натпревари, а меѓу нив е и прволигашот Работнички.

Салите кои не ги исполнуваат сите технички услови се:

- КК „Гостивар АД“, сала „Младост“ – Гостивар, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;

- МКК „Куманово 2009 АД“, сала „Перо Наков“ – Куманово, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;

- КК „Вардар АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозиции за натпреварување во сениорски лиги);

- КК „Работнички АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги);

КФМ соопшти дека салите ќе бидат суспендирани доколку недостатоците не бидат отстранети до пред почетокот на натпреварите од 14. коло.