Шкотската „Тартан Армија“ ќе го преплави Скопје - добија екстра билети и ќе бидат над 3.000!

Македонија в сабота ќе ѝ биде домаќин на Шкотска во третото коло од Б-сегментот во Лигата на нации, а во Скопје се очекува „инвазија“ од гостински навивачи.

Популарната „Татран Армија“ се очекува да биде присутна со повеќе од 3.000 навивачи на Националната арена „Тодор Проески“, откако шкотските медиуми објавија дека им биле доделени дополнителни 822 билети.

Шкотска првично добила 2.151 билет за натпреварот, но сега бројката се зголемила, што значи дека во македонската престолнина се очекува голем број навивачи од Шкотска.

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра в сабота од 20.45 часот, а двете селекции ќе се обидат да ја прекинат „црната серија“ и конечно да постигнат гол.