Халанд тужи норвешка авиокомпанија поради бизарна реклама (ФОТО)

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд реши да поднесе тужба против норвешка авиокомпанија поради користење на неговиот лик и дело во комерцијални цели.

Компанијата на социјалните мрежи објави реклама во која нивниот авион е прикажан со фризура која потсетува на претпознатливиот стил на Халанд.

Халанд и неговиот правен тим решија да реагираат и да поднесат тужба, иако бизарната реклама беше избришана од профилот на авиокомпанијата.

Фото: Manchester City/Facebook