Љатифи од пенал ѝ донесе бод на Македонија против Црна Гора!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено (1-1) против Црна Гора во деветтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) на дебито на селекторот Александар Таневски.

Црногорците стигнаа до водство во завршницата од првото полувреме, кога Андреј Костиќ ја затресе мрежата на Македонија за 1-0.

Македонија во второто полувреме тргна по израмнување и конечно стигна до него преку Адмир Љатифи, кој од пенал во 57. минута погоди за 1-1.

Македонија под девет одиграни меча има седум поени на претпоследната позиција во групата Е, додека Црна Гора е третопласирана со 11 бодови.