„Премиерлигашкиот“ гол на Илија Аксентиев што ја спаси Македонија од пораз со Луксембург! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра нерешено против Луксембург (1-1), а херој во ремито беше талентираниот Илија Аксентиев.

Аксентиев реагираше одлично по една нафрлена топка во казнениот простор на Луксембург и во 91. минута постигна „англиски“ гол за конечни 1-1.

Македонија претходно одигра уште еден контролен меч против Луксембург кој го доби со 4-1.