Трет пораз по ред за Реал: Хапоел го „нокаутира“ европскиот вицешампион!

Реал Мадрид се соочува со лош старт во Евролигата, откако вечерва загуби од Хапоел Тел Авив со 98-102 и тоа беше трет пораз по ред за шпанскиот гигант.

Хапоел Тел Авив доминираше во првото полувреме, кое му припадна со убедливи 63-43 против Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаа моќна трета четвртина во која целосно ја анулираа негативата од „минус 20“, а воедно стигнаа и до пресврт (75-74).

Израелскиот тим во последните 10 минути успеа да ја преземе контролата и да оствари триумф од 102-98.

Брајант и Мициќ постигнаа по 22 поени за Хапоел, додека Маледон запиша 26 поени за шпанскиот тим.

Фото: Facebook/Real Madrid Basket